spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Соопштение

Карпош: Соопштение

Во врска со нелегалното градење верски објект (минаре) во населбата Злокуќани, ве информираме дека во саботата (8 јануари 2022 година) инспекциската служба на Општина Карпош излезе на терен.

Во моментот кога е извршена контролата не се вршени градежни дејствија. Инспекторатот одреди 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект и ги повика одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но истите до сега не се дојдени.

Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...