Денес повторно СДСМ продолжува со невистини и лаги да обвинува во режимски стил, дека Мицкоски ја покачил цената на струјата.
А сега малку за вистината:
⁃ Христијан Мицкоски е именуван за советник на тогашниот премиер Никола Груевски, Април/2015 година (слика 1). Цената на струјата за граѓаните беше 4,47 ден/kwh (слика 2).
⁃ Христијан Мицкоски именуван за генерален директор на ЕЛЕМ со одлука на влада, Септември/ 2016 година.
⁃ Разрешен од генерален директор на влада, Август/2017 година. Цената на струјата за граѓаните беше 4,45 ден/kwh (слика 3).
⁃ Цената на струјата за граѓаните согласно одлуката на регулаторна комисија за енергетика од 31/Декември/2021 година е 5,87 ден/kwh (слика 4).
ЗАКЛУЧОК: Откако Мицкоски е именуван за советник во Април/2015 година, до неговото разрешување како генерален директор на ЕЛЕМ во Август/2017 година, струјата за граѓаните поефтинува од 4,47 ден/kwh на 4,45 ден/kwh или околу 0,5%, а денес граѓаните плаќаат 5,87 ден/kwh или за околу 32% поскапа струја од времето кога Мицкоски беше разрешен од местото генерален директор на ЕЛЕМ.
СДСМ мислат дека со методот, 100 пати повторена лага станува вистина, ќе го потценуваат народот дека има кратко помнење и така ќе ги сокријат криминалот и неспособноста.
Зошто ли вака владеачката партија безочно лаже? Одговорот е едноставен. За да создадат димна завеса и не се збори за актуелното покачување на цената на струјата кое е над 15 проценти, плус последното зголемување на цената на струјата што се случи нешто повеќе од пред една година.
П.С. И денес половина главен град нема парно греење.