spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииНов и компетентен тим ја освежува Владата, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена,...

Нов и компетентен тим ја освежува Владата, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, таму се истите луѓе со истата реторика

Новата Влада предводена од СДСМ значи ефикасност во работењето, одговорност и посветеност во решавањето на сериозните предизвици кои се пред граѓаните.

Покрај докажани кадри од претходниот состав на Владата, речиси 70 отсто од министрите од редовите на СДСМ се нови, компетентни лица, подготвени да ја преземат одговорноста во соодветните ресори.

СДСМ покажува капацитет за промени, за уште подобро да им служи на граѓаните.

За разлика од тоа, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, таму во раководството се уште се присутни соработници на Никола Груевски и поддржувачи на режимот, тоа се истите луѓе истата реторика од пред пет години.

Еден од нив е и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој денеска излезе на прес-конференција, а кој во политиката и во раководните структури на партијата е присутен над 15 години.

Очигледен е стравот, уште поочигледна е нервозата во ВМРО-ДПМНЕ од нивниот дебакл при формирање ново парламентарно мнозинство па затоа од белиот дворец секојдневноно се пласираат лажни вести и неосновани напади кон претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и неговиот тим.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски нема ниту волја ниту капацитет да се промени, тоа е партија која е заглавена во режимската матрица, со старите добро познати ликови кои 11 години ја држеа земјата во изолација, сиромаштија и поделби.

 

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...