Традиционално секоја година по повод новогодишните празници, градоначалникот Борче Митевски заедно со Советниците од Советот на Општина Петровец и директорите на двете централни основни училишта, поделија 500 новогодишни пакетчиња на дечињата до трето одделение.
Новогодишни пакетчиња беа поделени во сите шест подрачни и во двете централни училишта каде се изведува физичка настава. Градоначалникот Митевски се обрати пред учениците и на сите им посака многу здравје и Среќни новогодишни празници.
Извор: Општина Петровец