Граѓаните јасно и недвосмислено дадоа поддршка на проектите, промените и победите.
Ние имаме одговорност заедно со народот да ја изградиме новата иднина и токму затоа уште веднаш почнуваме да ја остваруваме.
Денес во употреба пуштивме уште еден паркинг во месната заедница „Комуна“ кој беше приоритет на самите месни жители.
Паркингот кој се наоѓа позади зградата на ЕЛС општина Радовиш и Одделението за внатрешни работи при МВР е со вкупен капацитет за паркирање на 30 возила вклучувајќи ги паркинзите за лица со инвалидитет. Паркингот е со дополнително партерно уредување кое ќе биде збогатено со зелени површини, дрвја и декоративни цвеќиња.
Народните пари мора домаќински и одговорно да се трошат.
Извор: Општина Радовиш