Кисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски на увид во проширувањето на булеварот Борис Трајковски до Драчево

ОпштиниКисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски на увид во проширувањето на булеварот Борис Трајковски...

Најчитано

Течат градежните работи за продолжување на булеварот “Борис Трајковски” до населбата Драчево. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со претставници од Градот Скопје кој е директно задолжен за изведбата, во координација со Кисела Вода, извршија увид во динамиката на активностите на терен. На овој потег кој води од населбата Пинтија до влезот на Драчево, пред мостот на Маркова река, се изведува модерно булеварско решение во должина од над два километри, кое е продолжение на булеварот кој води низ Кисела Вода.

 

 

Во моментов, интензивно се работи на процесот на експропријација на приватното земјиште, кое во најголем процент е во сопственост на деловни субјекти. Очекуваната временска рамка за завршување на овој голем инфраструктурен проект е до крајот на оваа година. Истиот, ќе го намали метежот, ќе ја зголеми безбедноста и ќе го олесни сообраќајот за преку 70 000 лица од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и околните населени места кои секојдневно ја користат оваа делница, а дополнително, бенефит ќе имаа и за индустриската зона лоцирана во овој дел на градот.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе