Царовска и Груби ја посетија локацијата во Визбегово каде започна изградбата на ново училиште

ВладаЦаровска и Груби ја посетија локацијата во Визбегово каде започна изградбата на...

Најчитано

Вложувањето во образовната инфраструктура очекувам да остане и натаму еден од клучните фокуси во работата на Владата, затоа што на сите им е јасно, дека условите за едукација, зборувам за самите училишни објекти и нивната опременост, заедно со обезбедувањето на квалитетни наставни програми и материјали за учење, како и вложувањето во обуки на наставниот кадар и нивна мотивација за работа, се основни предуслови за квалитетно образование и создавање квалитетни ученички генерации.

Ова го истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска, која заедно со првиот вицепремиер, Артан Груби ја посетија локацијата во населбата Визбегово во општина Бутел, каде на површина од 12 илјади квадратни метри, со средства од буџетот на МОН започна да се гради ново основно училиште. На настанот присуствуваа и поранешниот градоначалник на општината, Велимир Смилевски и актуелниот, Дарко Костовски.

„Ова е едно од ветувањата кое го дадовме пред граѓаните на општина Бутел во изминатиот период и горда сум што токму во време на мојот мандат како министерка во овој ресор, успеавме оваа инвестиција да започнеме да ја реализираме и според договорот со изведувачот, очекувањата се да се заокружи за година и половина. Се работи за училиште со капацитет за над 500 ученици, за чија изградба ќе се вложат околу 107 милиони денари“, рече Царовска.

Министерката потенцираше дека при изградбата ќе бидат запазени сите современи стандарди за ваков тип на објекти, со модерни училници и кабинети, простории за наставниците, простории за рекреација и спорт, со обезбедена пристапност за ученици и за граѓани со попреченост.

„Верувам дека за година и половина сите ќе се радуваме на отворањето на ова училиште и верувам дека тука ќе растат и ќе се развиваат многу нови генерации, млади луѓе кои во добри услови за едукација и со поддршка од наставниот кадар ќе се надградуваат, ќе стекнуваат вештини и полека ќе ги преземаат и квалитетно ќе ги извршуваат улогите на возрасните во општеството“, рече министерката.

Царовска информираше дека буџетот за 2022 година е проектиран да ги опфати трите основни аспекти за да се обезбеди еден континуитет во развојот на образовниот систем – инфраструктура, нови наставни програми и материјали за учење и обука на наставен и стручен кадар. Како што рече, во делот на капиталните инвестиции, предвидени се над 1 милијарда денари и верува дека целосно ќе бидат искористени за програмите за изградби и реконструкции на училишни објекти, спортски сали, студентски домови и други објекти каде има потреба од инвестиции.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе