spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Јавна презентација на урбанистички план за Орман

Ѓорче Петров: Јавна презентација на урбанистички план за Орман

Во просториите на МЗ Волково беше одржана јавна презентација на изменување и дополнување урбанистички план за село Орман, блокови 11, 12, 13, 14, 15, 15.1, 16 и 17, Општина Ѓорче Петров.

Со овој урбанистички план, предвидено е домување во станбени куќи со овозможување услови за директна реализација. Конечно се решаваат сообраќајните инфраструктурни проблеми со планирана инфраструктура што е неопходен предуслов за реализација на истата.

Во интерес на граѓаните го продолжуваме и рокот на јавната анкета од минималните законски предвидени 5 на 11 работни дена.

ДУПот е изложен во просториите на МЗ Волково, а анкетните листови со забелешки може да се доставуваат до 24.01.2022 во просториите на МЗ Волково и општина Ѓорче Петров.

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...