spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВлада„Заеднички успех или заеднички пораз – тест за сите вклучени страни“

„Заеднички успех или заеднички пораз – тест за сите вклучени страни“

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, како член на Националниот совет за европски интеграции (НСЕИ), вчера учествуваше на седницата за претставување на приоритетите на француското претседавање со Советот на ЕУ што започна на 1 јануари годинава.

Димитров се заблагодари за активниот придонес на Франција во процесот на проширување и конкретно пристапниот процес на Северна Македонија и подвлече дека стратешки императив за следните месеци треба да биде постигнувањето успех во македонското европско досие:

„На Европа ѝ треба лидерство и затоа мислам дека и ние како Европејци имаме среќа што имаме еден таков лидер и во Париз. Македонскиот случај е најубедливиот, најдрастичниот тест за кредибилитетот на политиката на ЕУ кон регионот на Западниот Балкан. Затоа, ако успееме, успехот ќе биде и на ЕУ, ќе биде добар за регионот, за Северна Македонија, за Бугарија. Неуспехот е исто така пораз и голем проблем за сите, вклучувајќи нé и нас, нашите комшии, сите држави во регионот, и самата ЕУ. Затоа влогот во овој процес е огромен и се надевам дека најавениот самит меѓу ЕУ и Западен Балкан кон крајот на француското претседателство во јуни, ќе направи контекст каде што ќе биде прескапо повторно да се соочиме со пораз, сите вклучени во овој процес.“

Агендата на француското претседателство беше претставена од страна на амбасадорот Бомгартнер, посочувајќи дека Франција во јуни ќе организира голема конференција за Западниот Балкан и ја реафирмираше посветеноста за заслужен напредок на Северна Македонија кон ЕУ: „Јасно е дека со француското претседателство постојано ќе се поддржува земјата, за да може работите да напредуваат конструктивно и во добра насока, со цел колку што е можно побрзо и во текот на француското претседателство да се постигне значителен напредок кој сите го очекуваат.“

Амбасадорот Бомгарнер ја искористи приликата за да упати официјална и лична благодарност за улогата на вицепремиерот Димитров во евроинтегративниот процес и во унапредувањето на односите помеѓу двете земји, што придонесоа за обезбедување на силната француска поддршка за Северна Македонија и за европската иднина на целиот регион.

На седницата присуствуваше и шефот на Делегацијата на ЕУ – Дејвид Гир, којшто посочи дека европеизацијата и реформите во Северна Македонија се придобивка и за самата ЕУ и исто така изрази силна благодарност за соработката со вицепремиерот Димитров и неговиот исклучителен придонес во процесот: „Европската Унија на Северна Македонија гледа со пиетет во однос на сите актуелни прашања, вклучително Зелениот Договор, поддршка кон дигитализацијата и социо-економската поддршка на реформите кои што беа дадени во текот на пандемијата со КОВИД-19.“

 

 

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...