spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Подобрени условите во ООУ „Браќа Миладиновци”

Илинден: Подобрени условите во ООУ „Браќа Миладиновци”

Со цел успешно реализирање на воспитно – образовниот процес, како и подобрување на условите за работа во ООУ „Браќа Миладиновци во н.м. Миладиновци, извршени се повеќе активности во училиштето.

Во рамки на тие активности во месеците ноември и декември 2021 година, извршено е подобрување на звучната и термоизолацијата во централното училиште во Миладиновци и двете подрачни во Текија и Мршевци, со тоа што сите стари и дотраени врати, се заменети со нови современи ПВЦ врати. Подобрено е осветлувањето во училниците, ходниците и училишниот двор, поставени се 45 ЛЕД сијалици во централното училиште, 7 ЛЕД сијалиици во ходниците и 3 ЛЕД рефлектори во училишниот двор.

Исто така, обезбедени се 45 нови столчиња за кабинетот по информатика и кабинетот по природни, како и 10 персонални компјутери, а за училишната библиотека 500 лектирни изданија за учениците од 1 до 9 одделение.

Во ООУ „Браќа Миладиновци” и во наредниот период ќе се спроведуваат активности со цел подобрување на квалитетот на наставата како и промовирање на воспитно-образовната институција.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...