Општина Кратово од оваа година ќе исплаќа по 5000 денари за секое новороденче. Во Буџетот на општината за 2022 година предвидовме поддршка на семејствата за секое новороденче, односно од 1 ви јануари 2022 година секое семејство кое ќе има новороденче, ќе добие еднократна парична помош од 5 000 денари.
Потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето за остварување на правото на еднократна парична помош за новородено дете на територијата на Општина Кратово.
Формуларот/барањето може да се добие во Архивата на Општината или да се симне од веб страницата на општина Кратово тука:
Барање за остварување на правото на еднократна парична помош за новородено дете
Извор: Општина Кратово