spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКратово: Заловување на бездомни кучиња

Кратово: Заловување на бездомни кучиња

Завчера надлежните од ветеринарна клиника „Ино Вет“ Куманово, заловија три кучиња од неколку локации во градот, согласно законската обврска на заловување на бездомните кучиња, односно нерегистрирани кучиња кои се на јавни површини. Заловувањето се одвива согласно план и динамика, но се интервенира и по дојава и поплака на граѓани.

Во случај на заловување на куче кое има сопственик, односно не е бездомно куче, трошоците за третман на кучето, паѓаат на товар на самиот сопственик.

Апелираме до сопствениците на миленици на Општина Кратово, дека согласно законските одредби, своите кучиња треба да ги чуваат во сопствените дворни места.

Општина Кратово и Ветеринарна клиника „Ино Вет“ Куманово склучија договор за заловување и третман на кучиња скитници на подрачјето на Кратово кон крајот на јуни, годинава, откако претходно Општината објави оглас за избор на оператор за оваа дејност.

 

Известуваме до сите граѓаните дека постои можност односно постапка и за вдомување на куче. Секој граѓанин кој ќе сака да вдоми куче ќе треба да испрати маил на електронската адреса: contact.kratovo@gmail.com или да ги посети канцелариите во Општина Кратово за повеќе информации.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кратово

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија