Заменик министерот за надворешни работи г-ѓа Фатмире Исаки на 13 јануари 2022 година, имаше обраќање во рамките на панел дискусијата „Визии и патувања“ на Павилјонот за жени во ЕКСПО 2020 Дубаи.
Пред бројните присутни, г-ѓа Исаки ја истакна улогата на жените во креирањето, остварувањето и унапредувањето на политиките за подобро општество.
Пред се’ како мајка и како лице која се занимава со образованието и едуцирањето на идните генерации, истакна дека на нас политичарите, дипломатите, професорите останува да работиме беспрекорно со јасна визија за создавање подобро иднина за нашите деца, за новите генерации.
Нагласи дека дипломатијата има за цел да придонесе кон повеќе запознавања, поврзувања, креирање на пријателства, а токму платформата на ЕКСПО 2020 во Дубаи овозможува луѓето да се запознаат со различни култури, да разменат искуства и да креираат нови можности за соработка.
ЗМНР Исаки информираше за конференција за промоција на родовата еднаквост “Жени во надворешна политика”, која прв пат се организираше од Министерството за надворешни работи, а на која се промовира родовата еднаквост во Северна Македонија.
Во рамки на посетата на Дубаи, ЗМНР Исаки оствари средба со г-ѓа Шамса Салех, генерален секретар на Советот за родова еднаквост на Обединетите Арапски Емирати каде беа разгледани можностите за следна соработка во различни сектори помеѓу жени од Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

ЗМНР Исаки исто така го посети и Павилјонот на Северна Македонија во ЕКСПО 2020 Дубаи каде се посетителите се запознаваат со културните посебности и вековната традиција на нашата држава, природните богатства, туристичкиот потенцијал, богатата историја и етничката разновидност и секако можностите за инвестиции и економски развој.