Пробиштип: Водици 2022

ОпштиниПробиштип: Водици 2022

Најчитано

По повод верскиот православен христијански празник „Водици“ на 19.01.2022 година (среда) во Злетово со почеток во 7:30 часот на местото викано „Пешка“ и во Пробиштип со почеток во 11:00 часот на Аква паркот, ќе се одржи Манифестацијата „Чествување на Водици“ на која ќе се осветат водите во Злетовска река и во градскиот базен каде ќе се капат голем број на наши сограѓани во потрага по светиот крст. Во Злетово литургијата во црквата „Пресвета Богородица“ ќе започне во 6 часот, а во Пробиштип во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе започне во 8 часот. По завршување на литургијата од двете цркви со литија капачите и граѓаните ќе дојдат до местото на настанот каде ќе се изврши осветување на водите и фрлање на светиот крст.

Сите младоженци кои минатата година стапиле во брак и граѓани кои сакаат да се фрлаат во водите по светиот крст задолжително да се пријават во црквите во Пробиштип и Злетово. Пријавувањето е секој работен ден (од 15 – 18.01.2022 год.) во период од 09 – 16 часот . Лицата кои нема да се пријават нема да им биде дозволено да се фрлат во водите по светиот крст.

Манифестацијата ќе се реализира согласно протоколите кои што ги налага комисијата за заразни болести, а исто така зависно од состојбата со ковид пандемијата ќе се владееме при реализацијата на истата.

 

 

 

 

Извор: Општина Пробиштип

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе