spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Повик за Избор на спортист за 2021 година

Кочани: Повик за Избор на спортист за 2021 година

Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2021 година.

На манифестацијата ќе се изберат:

  • најдобар спортист за 2021 година;
  • најдобар млад надежен спортист;
  • најдобра екипа;
  • најдобар тренер;
  • спортски работник.

Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани  во Oпштина Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација.

При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнири, државни и меѓународни натпревари).

Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.

Рокот за пријавување е до 21 јануари 2022 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.

Телефони за контакт: 033 274 001 локал 116; 072 275 610.

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кочани 

 

Прочитајте

Мицкоски: Нов спортско рекреативен центар „Бранители“ во Бутел

0
Добар ден и од мене, Благодарност до градоначалникот на поканата да бидам дел од еве и официјалното отворање на овој преубав спортски комплекс овде во...