spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДојран: 8.400.000 денари за изградба и реконструкција на улици

Дојран: 8.400.000 денари за изградба и реконструкција на улици

Оваа година заедно со сите Вас го формиравме Буџетот на Општина Дојран, кој е развоен и насочен кон инфраструктурни проекти.
По спроведениот анкетен прашалник за формирање на Буџетот, го насочуваме нашиот фокус кон подобрување на патната инфраструктура.
Со финансиски средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски преку ,,Проект за поврзување на локални патишта” ќе се реконструираат главните улици во с.Николиќ,с.Црничани и с.Фурка, чија имплементација ќе започне во вториот квартал на 2022 година.
Оваа година Општина Дојран во својот Буџет издвои 8.400.000 денари за дополнителна изградба и реконструкција на останатите улици во Општина Дојран.

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...