spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Новите мандати на двете влади нудат нова можност за засилување на...

МНР: Новите мандати на двете влади нудат нова можност за засилување на динамиката на меѓусебните односи

На средбата беше поздравен обновениот дијалог меѓу двете Влади, како и значењето на продолжување на интензивната комуникација на високо ниво, при што беше изразено уверување дека со новата динамика во контактите ќе дојде до преку потребното надградување на билатералните односи.

Во фокус на разговорите беше претстојната заедничка седница на Владите, која ќе се одржи во Софија на 25 јануари, како и внесувањето на нова динамика во соработката преку примена на концептот на работни групи, при што се разгледани конкретни области во кои постои потенцијал за напредок. Со тоа двете земји ќе испратат јасен сигнал дека постои силна волја за исчекор и взаемно разбирање, во духот на добрососедството и европските вредности.

„Посетата се случува на самата 30-годишнина од првото признавање на независноста на нашата држава, кое дојде токму од Република Бугарија, но ова е и прва посета на премиерот Петков на регионот на Западен Балкан воопшто, што испраќа многу важна и вредна порака за нашите односи, но не помалку важно и за нашиот динамичен и верувам поинаков пристап во надминување на предизвиците со кои се соочуваме“, изјави министерот Османи по средбата, додавајќи дека е „важно да се идентификуваат конкретни чекори за соработка, преку иницијативи, активности и проекти во многу скоро време, за што двете Министерства за надворешни работи и другите ресори ќе дадат свој конкретен придонес.

Соговорниците потврдија дека европската интеграција на Западниот Балкан претставува национален интерес, како на земјите-кандидати за членство, така и на земјите-членки на Европската унија. Ја изразија посветеноста кон процесот на приближување на регионот кон Европската унија и ја акцентираа важноста на добрососедството и регионалната соработка, како влог во заедничката европска иднина.

Во однос на економската соработка, министрите го поздравија растот на трговската размена меѓу двете земји од 30% во текот на 2021 година и ги изразија своите очекувања дека во текот на 2022-та ќе се задржи позитивната стапка на раст на двете економии и трговската размена меѓу нив, како и позитивниот тренд во нови инвестиции, кои треба да бидат и поддржани од двете држави.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...