spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Заедно со ФООМ соработка за унапредување на системот на интегритет на...

Берово: Заедно со ФООМ соработка за унапредување на системот на интегритет на локално ниво

Имајќи ги предвид заедничките заложби за владеење на правото и доброто управување, Извршната директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија Фани Каранфилова-Пановска и градоначалникот на Општина Берово,Звонко Пекевски вчера, остварија средба, на која потпишаа Меморандум за соработка.

Соработката помеѓу Општина Берово и Фондацијата, има за цел, да придонесе кон унапредување на доброто владеење на локално ниво, преку зајакнување на отпорноста на локалната власт, на корупција и конфликт на интереси, а со воведување на систем на интегритет во општината.
Како резултат на ваквата соработка, се очекува да се спроведе проценка на ризици од корупција и судир на интереси, во општина Берово; да се усвои план за интегритет; да се унапредат знаењата за интегритет и капацитетите на административните службеници, да постапуваат во случи на корупција и судир на интереси; да се донесе подзаконски акт, со кој се регулираат интерните механизми за пријавување на случаи на корупција и судир на интереси во општината.

Меморандумот за соработка е склучен во рамки на проектот „Зајакнати системи на интегритет за борба против корупција на локално ниво“, кој го реализира Фондација Отворено општество – Македонија, а е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Повеќе информации за Проектот на УСАИД за граѓанско учество на

https://cep.mk/ и
https://www.facebook.com/CEPNorthMacedonia

 

 

Извор: Општина Берово 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...