spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Нова мерка за поддршка на граѓаните

Валандово: Нова мерка за поддршка на граѓаните

? Воведуваме нова еднократна парична помош во висина од 20.000 денари, за семејствата со лице со попреченост од општина Валандово.

Мерката ќе започне со реализација во тековната 2022 година и право на користење на истата ќе имаат сите семејства во кои има лице со попреченост.

? Покрај ова мерка, општина Валандово претходниот период воведе и еднократна парична помош за:
? првачиња;
? социјално загрозени граѓани;
? новороденчиња;

Додека пак за наредниот период, планирана е и мерка која ќе ги подджи самохраните родители од општината.

? Развојот на заедницата може да се обезбеди единствено преку целосна инклузија, силна емпатија и безусловна солидарност, како основни човекови вредности.

Да се обединеме во човечноста ?

 

 

 

 

Извор: Општина Валандово

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...