spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаКовачевски: Јас сум човек кој е подготвен да преземе одговорност и да...

Ковачевски: Јас сум човек кој е подготвен да преземе одговорност и да се соочи со предизвици

Јас сум човек кој е подготвен да се соочи со предизвици и подготвен да преземе одговорност, истакна во интервју за Канал 5 телевизија, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на прашање околу неговите мотиви да ги преземе фунцкиите претседател на СДСМ и претседател на Владата.

-Преземавме одговорност за решавање на предизвиците кои се пред граѓаните, имаме пандемија, енергетска криза. Нашиот договор за формирање на оваа Влада е „Влада 2022- 2024“, и јас и во самото експозе кажав дека избори ќе има, да, 2024 година кога ќе имаме претседателски избори и ќе имаме партламентарни избори, рече претседателот на СДСМ и премиер, Ковачевски.

Моето појавување во политиката не е од сега, јас сум бил член на Извршниот одбор во време кога кога претседател бил Бранко Црвенковски и бев член на ИО кога претседател беше Заев, во меѓувреме сум бил член на изборни штабови, а сум бил и дел од работните тела на СДСМ во комсијата за финансии, во комисијата за екониомија. Koга станав претседател предложив нов Изборен одбор, нови потпретседатели и секретари во партијата, а при изборот на министри во Владата, се се водев по принципот да се изберат лица со квалитети и знаења за извршување на функциите кои им се доверени“ посочи Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека изборот на кадровски решенија не треба да се гледа во контекст на за некакво помирување во СДСМ затоа што во партијата не постои никаков конфликт, додавајќи дека има добра соработка со сите претходни претседатели на СДСМ.

 

 

 

 

Извор:  СДСМ

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...