spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Промени во Комисијата за заразни болести

МЗ: Промени во Комисијата за заразни болести

Промените во Комисијата за заразни болести ќе бидат во насока на проширување и дополнување на нејзиниот состав, со нови, професионални кадри од повеќе области. Во тек се дискусиите, а во таа насока денеска имав состанок со претседателот и секретарот на Комисијата, посочи министерот за здравство д-р Беким Сали.

Професионалното работење на Комисијата за заразни болести е од најголема важност, а одговорот кон потребите на граѓаните врвен приоритет.

– Апсолутно го разбирам интересот на јавноста за натамошните чекори поврзани со составот на ова тело, бидејќи околностите бараат засилено и координирано дејствување врз основа на стручни и реалистични проценки. Во оваа Комисија веќе има доста искусни професионалци во своите области, а натамошните чекори ќе подразбираат надградба, усовршување и професионализација. Целта на овие мерки е секако намалување на бројот на заразени лица, како и воопшто заштита на јавното здравје, во најдобар интерес на граѓаните, посочува министерот Сали.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...