spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Зимските служби се на терен и го чистат снегот

Аеродром: Зимските служби се на терен и го чистат снегот

Зимските служби од рано утрово излегоа на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците, тротоарите, велосипедските патеки и другите површини кои се под надлежност на Општина Аеродром.

Уште при првите врнежи, веднаш на располагање беа ставени сопствените возила за чистење снег, а за таа цел се набавени и околу 200 тони сол кој се користи да се спречи појава на голомразица. Активиран е и кризен штаб со кој директно раководи градоначалникот Тимчо Муцунски.

Истовремено, Општина Аеродром ги потсетува жителите и правните лица дека според Законот за јавна чистота имаат законска обврска да го чистат снегот пред влезовите на своите домови и објекти со што ќе се обезбеди непречен пристап до нив.

Според членот 9 од Законот, одржувањето на јавната чистота во општинска сопственост го врши општината, а на објекти во приватна сопственост и на дворните површини го врши сопственикот на објектот.

Општината се грижи за сите жители, пешаците, велосипедистите, како и за безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови. Воедно ги повикуваме граѓаните да ги почитуваат пропишаните мерки за уште поголема безбедност на сите нас.

 

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...