spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Традиционално се одржа хуманитарната манифестација ПИВТИЈАДА

Гази Баба: Традиционално се одржа хуманитарната манифестација ПИВТИЈАДА

Традиционално во општина Гази Баба се оддржува манифестацијата Пивтијада по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.

И оваа година настанот беше со хуманитарен карактер за да се зачува традицијата и да не се заборават обичаите поврзани со Водици. Градоначалникот Бобан Стефковски го отвори настанот и ги поздрави присутните граѓани кои беа дојдени во голем број на плоштадот во Автокоманда за да си купат пивтии во име на празникот.

Меѓу присутните гости на пивтијадата оваа година беше и градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.

Манифестацијата има и натпреварувачки карактер, а најдобрите учесници во категориите декорирање на најдобра пивтија добиваат награди. Настанот е проследен со културно-уметничка програма, оваа година гостите ги забавуваше естрадниот уметник Јордан Митев.

 

 

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...