spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Голем интерес кај граѓаните за вратените ноќни линии на ЈСП

Град Скопје: Голем интерес кај граѓаните за вратените ноќни линии на ЈСП

Граѓаните покажуваат голем интерес за користење на вратените ноќни линии на ЈСП, коишто од пред околу еден месец повторно се во функција.

Воведувањето на ноќни линии се дел од промените за подобар јавен градски превоз, што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на Градот Скопје, каде што градоначалничката Арсовска вети дека истото ќе го исполни во првите 82 дена од нејзиниот мандат.

Со реализацијата на овој проект за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на Градот пред две години.

Станува збор за 9 автобуски линии кои сообраќаат по делничен возен ред, и тоа линиите со број 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65В, додека за време на викендите и државните празници  сообраќаат вкупно 11 ноќни линии и тоа 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65В.

Сите детали за возниот ред и трасите на ноќните линии се веќе достапни на веб-страницата на ЈСП Скопје (http://www.jsp.com.mk/PlanskiVozenRed.aspx).

 

 

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...