spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Масовна акција за расчистување на снегот

Карпош: Масовна акција за расчистување на снегот

Зимската комунална служба  која ја ангажираше општина Карпош, рано утринава излезе на терен и го чистеше снегот на потешко пристапните улици низ локалната самоуправа, со четири специјализирани возила опремени со плуг, голем тенк за сол и ризла.

При интервенција на теренот, досега беа употребени 47 тони сол, а комуналните служби на фирмата „Анизор“, првенствено го расчистуваа коловозот во таканаречената „висока зона“ во општината, поточно во населбите Жданец, Трнодол, Нерези и Бардовци.  Со соодветна механизација беа расчистени улиците „10“ и „6“ во населбата Бардовци, потоа улиците „Леринска“ и „Ловќенска“ бр. 1, 4 и 9, „Милан Марковиќ“ во Козле, улицата „Козле 1“ и патот до муслиманските гробишта, во Нерези, патот во Долно Пантелејмон (кај православните гробишта), како и улиците „Трнодол“,  „Жданец“ и „Теодосие Синаитски“. Исто така, службите ја исчистија и улицата „Загребска“ која води до Институтот за белодробни заболувања „Козле“.

Координирано, комуналните служби на општина Карпош ги расчитуваа пешачките зони низ пофреквентните места во локалната самоуправа, како и пристапните влезови  на детските градинки.

Во оваа пригода, општината апелира до своите сограѓани и сопствениците на трговски локали, да бидат одговорни и да го расчистат снегот кој се наоѓа пред нивните објекти.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...