spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: 24 часовна служба за брза реакција на повик на граѓаните

Град Скопје: 24 часовна служба за брза реакција на повик на граѓаните

Град Скопје формира 24 часовна служба за брза реакција на повик на граѓаните. Од страна на Градот назначени се одговорни лица кои секторски ќе одговараат на барањата на граѓаните, а дополнително се екипира и служба за брзи реакции составена од претставници од сите јавни претпријатија во надлежност на градот, кои ќе делуваат со цел брзо и ефикасно решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните.

Ова е едно од ветувањата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска како дел од проектите кои се спроведуваат уште во првите 82 дена од градоначалничкиот мандат. Овие проекти се дел од превземањето активности на овозможување ефикасно ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе допринесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...