spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Договорите за угостителски услуги што ги потпиша Шилегов, Арсовска ги...

Град Скопје: Договорите за угостителски услуги што ги потпиша Шилегов, Арсовска ги пренамени за оброци за лица во социјален ризик

Средствата од договорот склучен со три угостителски субјекти од страна на претходното градско раководство, во вредност од околу 32 илјади евра ќе бидат пренаменети за бесплатни оброци за граѓани од социјално загрозени категории преку „Ретвитни оброк“ и Црвениот крст на Скопје.

„Ова ќе биде практика на градот секоја година. Наместо угостителски услуги како непродуктивен трошок, ќе се користат овие средства за социјално загрозени граѓани. Оваа инцијатива за пренамена на средствата за оброци за социјално загрозени лица е еден од чекорите на Град Скопје за поактивна вклученост на градот во подобрување на квалитетот на животот на социјално ранливите категории, особено кога наши сограѓани се соочуваат со егзистенцијални проблеми во време на економска и енергетска криза“, истакна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Таа ги повикува и останатите градоначалници да се приклучат на оваа иницијатива и сите средства за репрезентации или предвидени непродуктивни трошоци да се пренаменат за општествено одговорни активности со кои ќе се помогне во зајакнување на поддршката и грижа таму каде е најпотребно, со што дополнително ќе се помогне иницијативата на „Ретвитни оброк“ да се прошири на национално ниво.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...