spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Исчистена дива депонија од 2000 квадратни метри во Горно Лисиче,...

Град Скопје: Исчистена дива депонија од 2000 квадратни метри во Горно Лисиче, собрани 250 кубни метри смет

Градот Скопје продолжува со интензивно чистење на дивите депонии низ градот.

Денеска на мајор коритото на реката Вардар во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром во близина на железничкиот мост, службите на Градот Скопје со десетина камиони и механизација успешно исчистија дива депонија по должината на кејот.

Станува збор за исчистена површина од 2000 квадратни метри, а беа собрани 250 кубни метри смет, кабаст и градежен шут.

Градоначалничката Арсовска изврши надзор над работата, а беа истакнати и останати локации каде што е потребно интервенција на службите на градот и јавните претпријатија.

Градот Скопје ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат дивите депонии, се со цел нивно отстранување за превенирање на можностите на загадување на воздухот, почвата и водата, со што директно се влијае на отстранување на еден од причинителите кој придонесува за нарушување на здравјето на скопјани.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Бутел: По 30 години се реконструира дворот во ООУ “ЛИМАН КАБА”...

0
Дворот на основното училиште во Љуботен конечно ќе биде соодветно место за учениците. Општина Бутел ја реконструира училишната ограда, ги промени училишните врати а наскоро...