spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаЛевица – Охрид: Десет години по ред иста фирма го добива тендерот...

Левица – Охрид: Десет години по ред иста фирма го добива тендерот за украсување

Недозволиво и неоправдано е 2.000 евра општински пари од граѓаните да одат само за поставување на новогодишната елка. Фирмата избрана за оваа зделка е ,,Металват” од Скопје, која од 2012 година ги добива тендерите за украсување на градот за новогодишната вечер.

Годишно градот одвојува преку 20.000 евра само за оваа фирма, додека другиот дел од украсување го спроведува JП Kомуналец.

Левица јавно го повикува Градоначалникот на Општина Охрид за наредното новогодишно украсување да ги користи само јавните претпријатија, а она што недостасува како реквизити за украсување, да биде купено и да остане во сопственост на градот.

Со ваквото нерационално работење, секоја година се одлеваат пари од општинската каса во приватни џебови, наместо јавните претпријатија да ги зајакнат своите капацитети во обезбедување услуги на граѓаните.

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...