spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Министрите за надворешни работи на Бугарија, Генчовска и на Република Северна...

МНР: Министрите за надворешни работи на Бугарија, Генчовска и на Република Северна Македонија, Османи разговараа за актуелната состојба на политичкиот дијалог

Министрите за надворешни работи, Теодора Генчовска и Бујар Османи, се сретнаа во Софија, 24 јануари, непосредно пред почетокот на Втората заедничка седница меѓу владите на Република Бугарија и на Република Северна Македонија.

Двајцата први дипломати изразија задоволство од интензивирањето на дијалогот во последните недели, како и уверување дека претстојната седница меѓу владите ќе придонесе за продлабочување на позитивната динамика во односите.

Тие ја поздравија иницијативата за формирање секторски работни групи како средство за надградба на политичкиот дијалог и инструмент за идентификување и искористување на практичните придобивки од поактивната соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Во рамки на средбата беше разгледана актуелната состојба на политичкиот дијалог и билатералните односи, вклучително и во контекст на имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Се разговараше и за доставениот во декември 2021 година, одговор од Северна Македонија на предлозите од Бугарија за пакетот за политички прашања таканаречен “5 + 1”.

 

Министерката Генчовска и министерот Османи го споделија мислењето дека директните и интензивни контакти меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји се правилниот пат за продолжување на напорите за изнаоѓање заемно прифатливи решенија за отворените прашања.

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...