spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Средба со амбасадорката на Велика Британија - Склучувањето на...

МЗ: Средба со амбасадорката на Велика Британија – Склучувањето на формален договор за соработка

Министерот за здравство, д-р Беким Сали, вчера оствари средба со амбасадорката на Велика Британија во Република Северна Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј на која се заблагодари за поддршката на Обединетото Кралство за време на КОВИД пандемијата, вакцинацијата и нејзиното влијание врз здравствениот систем.

На средбата, министерот за здравство, д-р Беким Сали изрази интерес за продлабочување на досегашната поддршка, преку склучување формален договор за соработка во повеќе области на здравството и медицината со кои би се овозможиле медицински специјализации, обуки за современи дијагностички методи и третман, развој на заеднички проекти и други видови соработка во интерес на унапредување на знаењата на здравствените професионалци.

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Мицкоски: Нов спортско рекреативен центар „Бранители“ во Бутел

0
Добар ден и од мене, Благодарност до градоначалникот на поканата да бидам дел од еве и официјалното отворање на овој преубав спортски комплекс овде во...