spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Унапредување на Мајчиното и Здравјето на Новороденчињата

МЗ: Унапредување на Мајчиното и Здравјето на Новороденчињата

Заедничката заложба на Министерството за здравстви и УНФПА за унапредувањето на мајчиното и здравјето на новороденчињата, како и за унапредување на сите нивоа на здравствена заштита, се дел од темите на кои е разговарано на денешната средба на министерот Беким Сали со Афродита Шаља, шеф на канцеларијата на УНФПА.

На средбата е разговарано и за иновативниот пристап во обезбедување гинеколошки услуги за ранливите категории преку мобилните амбуланти.

– Заеднички договоривме изготвување акциски план за сексуално и репродуктивно здравје, со цел сеопфатен пристап врз основа на човекови права за здравјето на жените и девојчињата, со тоа и родовата еднаквост. Посебен фокус беше посветен на унапредување на превенцијата на цервикален карцином, посочи министерот Сали.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...