Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити денеска одржа работна средба со Амир Билали – Заменик директор на Агенција за млади и спорт. Средбата беше искористена за меѓусебно запознавање и разгледување на можностите за продолжување, продлабочување и интензивирање на соработката. Се разговараше за начините за спроведување на заеднички проекти и други активности во насока на унапредување на работата на администрацијата.
Заклучок од овој состанок е заедничката определба за професионална, ефикасна и ефективна администрација базирана на дигитализација, која ќе одговори на потребите на граѓаните.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација