spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Успешно се спроведува Ромактед програмата

Берово: Успешно се спроведува Ромактед програмата

Евалуаторот на Ромактед програмата, Heidrun Ferrari,, кој е ангажиран од од Совет на Европа во Берово, имаше можност да ги мониторира активностите кои се реализирани во рамки на РОМАКТЕД Програмата.

Во склоп на мониторингот, таа оствари средба со Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и со претставници од општина Берово.

Целта на средбата беше евалуација на спроведените активности во рамките на програмата, исполнување на целите на програмата и  можностите за унапредување, согласно потребите на локалната заедница.

Покрај средбата со градоначалникот,  се одржаа средби и со претставниците на институционалната работна група и  локалната акциска група од ромската заедница, на кои се разговараше за реализацијата на Програмата Ромаактед и се договараа следните чекори.

На средбите, особено беше потенцирано справувањето со пандемијата од Ковид 19 и влијанието врз локалната заедница.

РОМАКТЕД II програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ 2021-20214,  е финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.

 

Извор: Општина Берово

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...