spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАрсовска: Напаѓаат луѓето кои за 4 години не реализираа ни 5% од...

Арсовска: Напаѓаат луѓето кои за 4 години не реализираа ни 5% од тоа што ветија

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсoвска, на денешната прес-конференција посочи дека изминатите 82 дена беа доволен период да се покаже и докаже дека со искрен пристап и напорна работа, администрацијата во служба на граѓаните ќе овозможи враќање на довербата, со спроведување проекти за поубав град, град во кој видливи ќе бидат позитивните промени за добро на сите граѓани.

„Покрај нападите кон мене во изминатиов период од луѓето кои потрошија милиони од средствата на скопјани, за свои лични хирови за прослави по кафеани, а при тоа не исполнија ни 5% од она кое го ветуваа 4 години, јас можам пред скопјани да потврдам дека таквите денови се веќе минато. Повеќе нема трошење пари на граѓаните за лични цели, градот се води домаќински, а проектите кои ги реализиравме и ќе ги реализираме во периодот кој следува ќе бидат доказ за тоа”, истакна градоначалничката Арсовска.

Арсовска додаде дека сево ова е доказ дека сепак може да се работи и да се реализираат ветувањата, наспроти претходното градско раководство кое за 4 години реализираше само 5% од својата програма. Таа додаде дека заедно и со поддршка на граѓаните, Скопје ќе се раководи одговорно, транспарентно, во служба на сите граѓани.

„Парите на граѓаните нема да се трошат на прослави и кафеани, и луксузирање од поединци, нема да се злоупотребуваат привилегиите, поради кое однесување Градот е оставен со милионски долгови”, потенцираше Арсовска.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

МЖСПП: ШУКОВА – Ќе се изработува Закон за заштита на почвите....

0
(27 март, Богословец, Свети Николе) Денес, во близина на ветропаркот Богословец, Свети Николе, со симболично засадување дрвни садници во едно од најаридните подрачја на...