spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАрсовска: Реализиравме се што беше ветено за 82 дена и покрај секојдневните...

Арсовска: Реализиравме се што беше ветено за 82 дена и покрај секојдневните напади и саботажи

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ги презентираше сите ветени и реализирани ветувања од нејзината предизборна кампања. Реализацијата на сите ветувања во рок од 82 дена е показател за добрата организација, напорната работа. Арсовска истакна дека посветено, со многу труд, целта е да се врати довербата во градските институции, да бидат во служба на граѓаните, да работат за поубав град, Град во кој видливи ќе бидат позитивните промени за добро на сите граѓани.

Исчистени се над 150 диви депонии во Градот од кои над 120 мапирани за време на изборната кампања. Чистењето на дивите депонии ќе остане пракса и во наредните години, се со цел чиста околина и чист воздух. Арсовска истакна дека се воведени редовни ноќни линии на автобускиот превоз, особено за време на викендот. Покрај активирањето на ноќните линии, овозможени се нови линии до населени места на периферијата на градот.

Како еден од поважните чекори кои Арсовска вети дека ќе ги преземе е формирањето на Градски Еко Совет – Зелен совет во градот во соработка со невладиниот сектор. Овој Градски Еко Совет ќе работи во координација со програмата која Град Скопје ја има предвидено во однос на урбаното планирање на градот, како и развивањето на нови зелени површини кои се преку потребни во градот Скопје. Градскиот Еко Совет ќе има советодавна улога и при најголем дел од активностите кои ќе се преземаат во насока на развивање на зелени површини во Скопје, истите ќе имаат можност да дадат свој предлог или сугестија до Градот.

Инициран е предлог Закон за прогласување на Водно за заштитена парк шума, во соработка со здруженијата „О2” и „Го сакам Водно”, а негова главна цел ќе биде заштита на Водно како зелен појас.

Град Скопје отвори 24 часовна телефонска линија во служба на граѓаните преку која остваруваат редовна и брза комуникација со градската администрација преку телефонскиот број 02 3207 536. Целта на оваа 24 часовна линија е редовно да се одговара на поднесените писмени барања од граѓаните и барањата со кои се обраќаат до Градот Скопје за  каков било проблем или предизвик, вели Арсовска.

Покрај 24 часовната телефонска линија, Град Скопје формираше и служба за брза реакција на повик на граѓаните. Назначени се одговорни лица од Градот кои секторски ќе одговараат на барањата на граѓаните и екипирана е служба за брзи реакции составена од претставници од сите јавни претпријатија во надлежност на градот кои ќе делуваат со цел брзо и ефикасно решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, потенцираше градоначалничката Арсовска.

Градоначалничката Арсовска истакна дека е реализирано и ветувањето за поевтин паркинг за скопјани, а едно од ветувањата во предизборната кампања за локалните избори на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска беше поставувањето на бројчаници на семафорите, на крстосниците каде што не се следи движењето од ЦУКС. Покрај поставувањето на бројчаниците, реализирано е и ветувањето за враќањето на зелениот бран на делниците во надлежност на Град Скопје. Имено, поставени се бројчаници на булеварот Христијан Тодоровски Карпош на семафорот на крстосницата со Натанаил Кучевишки, на крстосницата со Боца Иванова и на крстосницата со бул. Босна Херцеговина, а истите ќе бидат поставени дополнително и на уште неколку семафори за кои е детектирано дека се од важност за регулирање.

Во првите 82 дена од мандатот исполнето е ветувањето за пристапност на лицата со попреченост до сите градски институции, кое беше едно од приоритетните ветувањата и истото беше реализирано во најбрз можен рок. Овој чекор е само почетокот на стратегијата за институциите под надлежност на Град Скопје да биде достапен и пристапен за сите граѓани. Со реализација на ова ветување приспособен е пристапот за лицата со попреченост во 9 јавни претпријатија, 7 јавни и културни установи и во 23 средни училишта во градот Скопје, вели Арсовска.

Спроведувањето на ветинг проверка на усогласеност на исполнување на условите за директорите на јавните институции под Градот и раководителите на секторите беше едно од ветувањата кои беа неопходни за решавање, се со цел да се елиминира прекршувањето на законите и прописите во Јавните претпријатија и во Градот Скопје. Секое лице кое во иднина ќе аплицира за одредена позиција или унапредување, претходно ќе мора да помине низ процесот на ветинг, се со цел луѓето кои ќе бидат поставени на важни раководни позиции да бидат со чисто минато и чесен пристап кон работата, додаде Арсовска.

Град Скопје ги ревидира и прилагодува постапките за проценките на имот на граѓаните, а во согласност со методологијата за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот, проценката мора да биде реална и имотот на граѓаните да не биде преценет. За таа цел Градот изврши ревидирање на актите за утврдување на макро локации, на зони за секоја општина поединечно.

Во насока на остварување на стратешките определби на Град Скопје за наредните четири години, Град Скопје формираше Совет за поддршка на женско претприемништво како прв од ваков вид на ниво на Град Скопје. Советот обединува 25 организации и експерти од областа, кои ќе работат со цел овозможување услови за зголемено економско јакнење и финансиска независнот на жените. Советот ќе има за цел да работи во насока на зголемување на рамноправноста на жените во бизнис сферата, како и на вмрежување со голем број надворешни меѓународни организации, вели градоначалничката Арсовска.

Тимови кои што се составени од претставници на секторите на Град Скопје, како и претставници од Јавните претпријатија под Градот, формираа работна група што ги нотира и ги решава проблемите во заборавените населени места во градот Скопје. Тимовите се формирани со претставници од Градот и од Јавните претпријатија, се со цел брза и навремена реакција за сите проблеми кои ги имаат граѓаните во населените места низ Скопје. Ова е уште едно од ветувањата кои Арсовска ги имаше во предизборната кампања, а кое веќе е реализирано и системски се применува.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Џафери – Лапсли: Северна Македонија е ценета членка на Алијансата која...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, вчера попладне се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и...