spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: На детската клиника успешно е излекувано девојче од леукемија

МЗ: На детската клиника успешно е излекувано девојче од леукемија

Министерот за здравство, д-р Беким Сали ја посети Универзитетската клиника за детски болести, каде успешно е излекувано девојче од леукемија, кое по девет месеци го заврши лекувањето без никакви последици.

-Девојчето Ајше конечно под звуците на празничното ѕвоно, по девет месеци третман против леукемија ја доби битката и денеска конечно му се врати на нормалниот живот, со што докажа дека ниту една болест не е помоќна од челичната волја за живот. Посакувајќи и на Ајше натамошен успех, преку симболичен подарок, посакувам што почесто да има такви ѕвона и такви денови. Тука сме токму поради оваа причина, рече министерот Сали.

Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, информираше дека се при крај подготовките за отворањето нов регионален онколошки центар. Новиот оддел за онкологија ќе има капацитет за 25 до 30 деца, вклучувајќи ги и посттрансплантациите што досега не беше случај.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...