spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: За прв пат еднократна парична помош за секое новороденче

Илинден: За прв пат еднократна парична помош за секое новороденче

Општина Илинден за прв пат воведува доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденче, кои се со живеалиште на подрачјето на Општината.

Од Буџетот на Општина Илинден ќе бидат издвоени по 5000 денари за секое семејство со новороденче кое е родено од 01.01.2022 година. Целта на овој проект е стимулирање на наталитетот и подршка на младите родители, a со оваа мерка ќе се влијае и на зголемување на природниот прираст на населението.

Потребните документи за аплицирање ќе бидат наведени во Барањето за доделување на еднократна парична помош за семејства со новороденче, кое ќе биде прикачено на официјалната веб-страна на Општината (ilinden.gov.mk) и ќе може да се подигне од Архивата на Општина Илинден.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...