Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити одржа работна средба со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан.
На средбата стана збор за соработката со УНДП и нивната експертиза во областа на дигитализацијата, со фокус на Дигиталната Агенција и процесите на дигитализација низ општините. Како посебна точка беше дискутирана и потребата за поддршка на предлогот за подготвување на иден нацрт- Закон за вештачка интелигенција (AI).
Министерот Алити се заблагодари за помошта и поддршката што во континуитет ја дава УНДП, оценувајќи ја како успешна и ќе продолжи понатаму. Министерот нагласи дека од големо значење се советите и препораките на експертите и нивните искуства за модернизирање на администрацијата во служба на граѓаните.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација