Општина Струмица продолжува со реализација на градежните активности. Деновиве се врши поплочување на тротоар со бехатон плочки на булеварот „Климент Охридски“ на потегот од „Здружение на возачи” до кружен тек и пред новата автобуска станица на површина од околу 1.100 метри квадратни.
По завршување на градежните работи на овие потези ќе се изврши обновување на дрворедите во соработка со ЈПКД „Комуналец“ Струмица.
Општина Стумица ќе ги презема сите мерки кои се во надлежност на општината за санкционирање на несовесните граѓани кои паркираат на тротоарите, бидејќи истите се наменети за пешаци, а не за возила.
Извор: Општина Струмица