spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Второто полугодие за учениците од Добрејци започна во реконструирано училиште

Струмица: Второто полугодие за учениците од Добрејци започна во реконструирано училиште

Учениците и вработените во подрачното училиште „Сандо Масев“ во селото Добрејци од наставата ја изведуваат во комплетно реконструирано училиште. Градоначалникот Костадин Костадинов го посети училиштето и заедно ја споделија радоста во новите услови за работа.

 

Ова значи дека е решен повеќегодишен проблем и од објект со лоши услови, имаме прекрасен училишен објект, каков што заслужуваат дечињата од селото Добрејци. Реконструкцијата којашто започна во септември минатата година извршено е комплетно отстранување на малтерот од надворешната и внатрешната страна на објектот, заменета е фасадата, обезбеден е простор за котлара и пристап за лица со посебни потреби.

Реконструкцијата на училиштето е во вредност од 6.745.949 денари добиени со аплицирање од страна на училиштето до Секторот за капитални инвестиции на Министерството за образование и наука на јавен повик со целосно разработен елаборат со комплетна техничка документација и со урбанистичка дозвола, рече градоначалникот Костадинов. Во ова училиште се изведува настава од прво до петто одделение за 55 ученици.

 

 

 

 

Извор: Општина Струмица

Прочитајте