На локацијата викана Локубија – Споменикот на слободата, беше промовирана завршената акција на локално ниво „Да го рaзубавиме просторот на Споменикот на слободата“. Присутни беа претставници од Македонски центар за граѓанско образование, Младински образовен форум, членови на Младински совет, ученици од основните и средните училишта и претставници од Општина Кочани.
Во процесот на идентификување и изборот на младинската акција учествуваа учениците од основните и средните училишта во Кочани и како дел од приоритетни активности го одредија разубавувањето на локалитетот на Споменикот на слободата и создавање на рекреативно место за младите во Кочани.
На истата локација вчера беа поставени нови клупи и корпи за отпадоци, кои дополнително го разубавија овој простор.
Извор: Општина Кочани