spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Претседателката на Советот на средба со членови на оркестрот при СОУ...

Куманово: Претседателката на Советот на средба со членови на оркестрот при СОУ Гимназија “Гоце Делчев”

Претседателката на Советот на Општина Куманово и раководителот на Сектор за образование при Општината одржаа работна средба со професорот Филип Петровски и членовите на оркестрот при СОУ Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово.

На средбата се дискутираше за претстојните музички манифестации во градот, а членовите на овој оркестар имаа можност да ги презентираат своите идеи и искуството, стекнато од досегашните девет настапи. Како новина и уметничка свежина во нашиот град, беше истакнат нивниот незапирлив ентузијазам, благодарение на префинетиот класичен звук.

На денешната работна средба беше најавена и организација од нивна страна на одбележувањето на Св.Трифун.

 

 

 

Извор: Општина Куманово 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...