spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Арсовска на традиционалното одбележување на празникот Св.Трифун во село Кучково

Град Скопје: Арсовска на традиционалното одбележување на празникот Св.Трифун во село Кучково

По повод христијанскиот празник Свети Труфун, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска присуствуваа на традиционалното закројување на лозови насади во скопско Кучково, општина Ѓорче Петров.

Традиционално, овој христијански празник се чествува во скопското село Кучково, во манастриот кој е посветен на големиот маченик и исцелител  Свети Трифун.

Градоначалничката Арсовска го честита празникот кој секоја година се одбележува во чест  на Св.Трифун, заштитникот на лозарите, посакувајќи бериќетна година за сите.

-На одбележувањето на христијанскиот празник Св.Трифун истакнувам желба за добро здравје и богат род на лозјата – кажа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Свети Трифун е празник на лозарите, за плодност на лозјето, но како и секој празник, е празник за здравје во семејството.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...