spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: ЈП „Паркови и зеленило“ го уредува паркот „Скулптурa” во општина...

Град Скопје: ЈП „Паркови и зеленило“ го уредува паркот „Скулптурa” во општина Гази Баба

Изминатите денови теренските екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ извршија раззеленување на зелените појаси покрај коловозите низ градот, како и во неколку паркови во населените места низ скопските општини.

На 16-та Македонска Бригада во општина Гази Баба, се отпочна со реализација на хортикултурно уредување на паркот „Скулптура” со вкупна површина од 4200м2. Ќе се изврши интервенција на целата вегетација, обнова на почвата, како и поставување на систем за полевање со што би се овозможило континуирано одржување на зеленилото. Предвиденото зеленило го сочинуваат зимзелени и листопадни садници, кои функционално и естетски одговараат на просторот на кој се прилагодени според климатските услови.

Изборот на садници е направен помеѓу видови кои хортикултурно одговараат на ваков тип на уредување, со што со зимзелени садници се зазеленува појасот помеѓу патот и паркот, со што посетителите ќе бидат заштитени од бучавата предизвикана од моторните возила.

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...