Во посета на Општина Куманово беше амбасадорот на Руската федерација во РСМ Сергеј Александрович Баздникин, придружуван од Владимир Хрисанфов, советник за економски и трговски прашања во амбасадата.
Градоначалникот Димитриевски, заедно со претседателката и член на Советот на Општината одржаа работна средба со делегацијата, а присуствуваа и професори по руски јазик и директори на општински основни и средни училишта, каде што професорите предаваат.На средбата се разговараше за продолжување на досегашната плодна соработка помеѓу двете страни, потенцирајќи го примерот на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“-Куманово и Гимназијата No.13 Невски реон од Санкт Петербург, како и отворање на нови можности во повеќе општествени области.
Извор: Општина Куманово