spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЧешката Република ги поддржува евроинтеграциите на Северна Македонија, како геостратешки значајни за...

Чешката Република ги поддржува евроинтеграциите на Северна Македонија, како геостратешки значајни за Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Јарослав Лудва, новоименуван амбасадор на Чешката Република во нашата држава.

На состанокот е пренесено дека Чешката Република го поддржува европскиот пат на Република Северна Македонија и дека нашата држава ќе ја има и понатаму поддршката, посебно што Чешката Република ќе претседава со Советот на ЕУ од 1 јули оваа година.

Оценето е дека Северна Македонија има геостратешко значење и дека Европа е безбедна со интеграција на нашата држава и на целиот регион во ЕУ.

Премиерот Ковачевски порача дека Чешката Република е вреден партнер на Северна Македонија и значаен поддржувач на европските перспективи, како стратешка цел на земјава, по членството во НАТО.

„Се определивме да работиме низ отворена и чесна комуникација во дијалогот со Република Бугарија. Новата енергија во разговорите е препознаена и во државите и во ЕУ. Продолжуваме да работиме исклучиво по принципот на почитување на другиот, на сочувување на достоинството на граѓаните на двете држави и во духот на европските вредности“, рече премиерот Ковачевски.

На средбата е оценето дека иницијативата Отворен Балкан, како еден од чекорите кон ЕУ, води кон унапредување на односите помеѓу државите во регионот, при што е споделено искуството на Вишеградската група, односно бенефитите од воспоставувањето добра регионална соработка.

На состанокот е заеднички констатирано дека постојат можности за унапредување на добрата соработка меѓу Северна Македонија и Чешката Република во повеќе области, како што се економијата и одбраната, а премиерот Ковачевски изрази благодарност за поддршката од Чешката Република во рамки на европската гранична служба Фронтекс.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...