spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Состанок со MasterCard и Evrotrust. Посветено работиме на дигиталната трансформација

МИОА: Состанок со MasterCard и Evrotrust. Посветено работиме на дигиталната трансформација

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити одржа работен состанок со г-а Вања Манова-менаџер на MasterCard за Северна Македонија, Албанија, Косово и Бугарија, како и со главниот директор на Evrotrust г-дин Георги Димитров.

На овој прв работен состанок со министерот Алити, беа презентирани активностите кои беа спроведени по потпишаниот меморандум за соработка со Mastercard во 2020 година, во однос на дигиталната идентификација.

„Дигитализацијата е еден од приоритетите на Владата, а услугата за дигитална идентификација е еден од главните двигатели на дигиталната трансформација, којa директно влијае врз економијата и подоброто живеење на граѓаните“, истакна министерот Алити.

Министерот Алити посочи дека во следниот период ќе бидат разгледани сите можности за соработка со забрзување на започнатите активности и можности за нови проекти.

Дигиталниот идентитет е веќе достапен за граѓаните на Република Северна Македонија, а истиот наоѓа примена кај неколку банки.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...