spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Министерот Сали имаше конструктивна средба со директорот на Клиничката болница во...

МЗ: Министерот Сали имаше конструктивна средба со директорот на Клиничката болница во Тетово

Министерот за здравство  имаше конструктивна средба со директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Амир Елези на која разговараа за предизвиците со кои се соочува болница и идните планови во однос на унапредување на условите за третман на пациентите од една и статусот на здравствените работници од друга страна.

Исто така министерот Сали присуствуваше и на Стручниот колегиум каде заедно со медицинскиот персонал дискутираа за актуелната состојба со ковид, но и идните чекори кои се преземаат за поуспешно фунционирање на тетовската болница.

-Во рамки на оваа моја посета направив обикола и на просториите каде во тек се активности за отворање нов Центар за деца со аутизам, проект во соработка и поддршка со бугарската амбасада, за што сме им благодарни за континуираната помош во нашиот здравствен систем – потенцираше министерот Сали.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...