spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторВодовод Скопје: Неделен преглед на теренски активности

Водовод Скопје: Неделен преглед на теренски активности

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 7 до 13 февруари, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод:

–       oтстранување на дефект на приклучна цевка на ул. Индира Ганди 31/33, ул.Иван Хаџиниколов бб и Полог 2а,

–       дефект на водоводна мрежа од Ф 50 мм на ул.6 во населба Бардовци, ф-80мм на Народен Фронт 17, ул. Козле 20/15, ул. Манчу Матак 5 и ул. Гаврил Константиновиќ 47,

–       дефект на затворач ф-100 мм на Лазар Поп Трајков бб и ф-80мм на  крстосницата Че Гевара/Нов Живот,

–       изведување на водоводен приклучок Ф100мм на ул. Македонски Кралеви 40,

–       поврзување од стара на нова водоводна мрежа од  ф 100/80мм на ул. Иван Хаџиниколов бб,

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

 

 

Извор: Водовод и Канализација – Скопје 

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...